Следи нѐ
To Top

ФИФА: Роналдо најдобар фудбалер во светот за 2017 година

Фудбалерот на Реал и капитен на Португалија, Кристијано Роналдо вечерва е прогласен за најдобар играч во светот за 2017 година во изборот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

На свеченоста во Лондон, Роналдо признанието „Најдобриот“ го доби вторпат по ред, победувајќи ги Лионел Меси и Нејмар.

реклама

Тој годинава ја освои Лига на шампиони, Премиер лигата, Супрекуп на Европа и Шпанија, а со селекцијата на Португалија се пласира на Мундијалот во Русија.

Во женска конкуренција најдобра е Холанѓанката Лиеке Мартенс.

За најдобар голман е прогласен Џанлуиџи Буфон од Јувентус, а за најдобар тренер избран е Зинедин Зидан, додека кај дамите – Сарина Виегман,

Наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол ја доби Оливије Жиру од Арсенал, за голот против Кристал Палас, додека наградата за навивачите ја добија фанвоите на Селтика.

Наградата за ферплеј ја доби Франсис Коне, репрезентативецот на Того, кој го спаси животот на голманот на Бохенијанс, Данијел Крху.

Екипа на годината во избор на ФИФА и на ФИФПро ја сочинуваат: Џанлуиџи Буфон, Дани Алвес, Серхио Рамос, Леонардо Бонучи, Марсело, Лука Модриќ, Тони Крос, Андрес Инијеста, Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Нејмар.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Спорт

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.