Следи нѐ
To Top

Хонолулу ќе ги казнува пешаците кои преминуваат улица гледајќи во мобилните телефони

Властите во Хонолулу, главниот град на Хаваите, од утре ќе почнат да ги казнуваат пешаците кои преминуваат улица гледајќи во мобилниот телефон.

Хонолулу е првиот град во САД, кој презема мерки против овие т.н. „телефонски зомбија”, кои не можат да го одвојат погледот од мобилните дури и по цена на животот. Казните ќе се движат до 35 долари.

реклама

Сепак, и натаму ќе биде дозволено да се зборува на телефон при преминување улица.

Минатата година приближно 6.000 пешаци загинале од удар на автомобил во САД, што е за 11 проценти повеќе во однос на 2015 година и претставува највисоко ниво за последните 20 години, покажуваат податоците од владини извештаи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Мобилни

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.