Следи нѐ
To Top

Променливо облачно со умерен ветер

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со подолги сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 10 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со подолги сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер.

реклама

Утринската температура ќе достигне до пет, а дневната до 14 степени.

Во четврток и петок ќе преовладува сончево и значително потопло време, но утринските температури ќе бидат пониски, во интервал од минус два до седум степени. Нов влажен и студен бран се очекува во сабота коге ќе дува засилен северен ветер и ќе има повремени врнежи со послаб интензитет.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.