Следи нѐ
To Top

Трет ден од шеснаесеттиот Моден викенд Скопје (ФОТО)

На претпоследниот ден од шеснаесеттиот Моден викенд Скопје, вчеравечер во „Скопје Мериот Хотел“ беа прикажани најновите колекции на ателјето „Алшар“, „Walone fashion group“ , српската дизајнерка Ана Трошиќ Трајковиќ и „Shaleva Couture“.

Колекцијата „Калеш Анѓа“ која ја потпишува Силвија Миха од ателјето „Алшар“ е инспирирана одистоимената книга на Столе Попов и македонските револуционери, особено од жените и нивната борба за слобода и личен избор.

реклама

– „Кроевите и формите на креациите се инспирирани од македонските носии и облеките на нашите револуционери но претставени со асиметрични и авангардни форми, често со изразен волумен и суптилни детали од македонскиот фолклор.“, вели Миха.

Косовската модна куќа „Walone fashion group“ која станува редовен учесник на Моден викенд Скопје, во најновата колекција за есен-зима, 2017/2018 носи модели составени од вечерни тоалети и венчаници.

Српската дизајнерка Ана Трошиќ Трајковиќ со колекцијата „42“ за прв пат се претстави пред македонската публика. Креациите се инспирирани од познатиот роман „Автостоперски водич низ галаксијата“ напишан од Даглас Адамс, па оттука 42, како одговор на прашањето за животот, универзумот и сѐ останато.

„Shaleva Couture“ ја прикажа најновата колекција „French elegance“ инспирирана од барокниот стил и француската мода со креации во црна боја и златни детали.

Шеснаесеттиот Моден викенд Скопје ќе биде затворен вечерва во „Иновативниот центар на Македонски Телеком“ со мултимедијална презентација на Ирина Тошева поддржана од topsi.mk.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.