Следи нѐ
To Top

Вториот круг од изборите МОСТ ќе го следи со над 1.000 набљудувачи

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе го следи вториот круг од локалните избори со повеќе од 1.000 набљудувачи. На гласачките места ќе бидат распоредени 910 набљудувачи кои ќе покријат околу 50 проценти местата во рамките на секоја од општините во кои ќе се гласа во недела.

Нивните набљудувачи ќе бидат статични, и во текот на целиот ден ќе го следат процесот на гласање на гласачките места.

реклама

Покрај тоа, МОСТ ќе има и 45 мобилни тимови, составени од по двајца набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат оние места на кои МОСТ нема да распореди статични набљудувачи.

Дополнително, информираат од МОСТ, работата на општинските изборни комисии ќе биде набљудувана од 35 набљудувачи, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.

Покрај утрешното гласање, МОСТ денеска го набљудува и предвременото гласање на болните и немоќни лица, внатрешно раселените лица и лицата во затвор или притвор.

Нивните набљудувачи, велат, ќе носат жолти маички со кратки ракави, на кои на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано „Мониторинг 2017“, нови овластувања од МОСТ за вториот круг и акредитации од ДИК, истакнати на видно место.

Во текот на денот, граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, може тоа да го сторат преку бесплатната телефонска линија 080 080 080 или преку интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.