Поврзи се со нас

Популарно.мк

Њујорк – најгостољубив град во светот

Магазин

Њујорк – најгостољубив град во светот

Жители на Њујорк се познати по тоа што не сакаат туристи, кои лутаат по улиците на нивниот град, се туркаат во кафулињата и продавниците со деликатеси, преспоро се движат низ метро станиците…Меѓутоа Њујорк неодамна е прогласен за најгостољубив град на светот. 

Според една анкета, за тоа каде во светот луѓето се чувствувале најдобредојдено, 11 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е Њујорк. На второ место се најде Пекинг, а Торонто и Амстердам го делат третото место.

Тринаесет отсто од испитаниците ги сметаат француските домаќини за најнепријатни, особено кон туристите, кои го користат само англискиот јазик.

Во групата на Париз, кој е прогласен за најнегостољубив град на светот се најдоа и Лондон, Барселона, Рим и Токио.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.