Поврзи се со нас

Популарно.мк

Алкохолот може да им помогне на луѓето потечно да зборуваат странски јазик

Занимливости

Алкохолот може да им помогне на луѓето потечно да зборуваат странски јазик

Неодамнешна студија, објавена минатата недела во списание за фармакологија, покажува дека мали количини алкохол можат да им помогнат на луѓето подобро да зборуваат странски јазици.

Студијата, со која се опфатени 50 говорници на германски јазик а кои студирале холандски јазик, покажа дека оние кои повремено пијат алкохол го положиле испитот со повисока оценка.

Половина од испитаниците добиле малку алкохол, согласно нивните телесни пропорции, а другата половина добиле вода. Потоа разговарале на холандски јазик со испитувачите, а разговорот се снимал. Снимката ја слушале изворни говорници на холандски јазик, кои не знаеле дека учесниците пиеле алкохол и го оценувале квалитетот на нивниот јазик.

Холанѓаните подобро ја оцениле групата која пиела алкохол, објаснувајќи дека тие пофлуентно зборувале во однос на другата група, која пиела само вода. Тие сметаат дека лицата од групата која пиела алкохол имала подобар изговор, а граматиката и вокабуларот биле еднакви на двете страни.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.