Следи нѐ
To Top

Апелација го одби барањето за враќање на пасошот на Груевски

Апелацискиот суд Скопје го одбил барањето на адвокатите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да му биде вратен пасошот.

Претседателката на Судот, Лилјана Шопова, која беше главен судија во советот за одлучување, за ТВ 24 потврдила дека барањето е одбиено. Адвокатите на Груевски на вчерашната јавна седница во Апелацискиот суд, образложија дека бараат да му биде вратена пасошот бидејќи му требал за патување надвор од Македонија, посочувајќи ја поканата што му ја упатил унгарскиот премиер Виктор Орбан.

реклама

Обвинителите од СЈО, пак, побараа пасошот да не му се враќа, бидејќи според нив, неговото отсуство би довело до одложување на процесите кои се водат против него.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски е обвинет во неколку предмети на Специјалното јавно обвинителство.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.