Поврзи се со нас

Популарно.мк

Казна од 400 евра за конзумирање алкохол во центарот на Прага

Занимливости

Казна од 400 евра за конзумирање алкохол во центарот на Прага

Членовите на Советот на Општина Прага 1 воведоа забрана на пиење алкохолни пијалоци на целата општинска територија, а не само на одредени плоштади и улици како до сега.

За држење чаша со пијалок или отворено шише в рака предввидена е казна од дури 400 евра, која се наплаќа на самото место.

– Туристите се почесто доаѓаат во Прага 1 и повеќе прегерираат да се забавуваат и веселат со пијалок по улиците, плоштадите и парковите, отколку во локалите. Сето ова е на сметка на граѓаните на Прага 1, објасни за весникот „Млада фронт днес“, опоштинскиот советник Иван Солил.

Додека старите прописи наведуваа по кои улици и паркови владее прохибиција, новите прописи го опфаќаат целото туристичко срце на Прага, а казните за тој прекршок се двојно зголеми од 200 на 400 евра.

Исклучок од забраната се разните социјални и културни манифестации во градот, така што забраната не важи само за Нова година на 31 декември и 1 јануари.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.