Следи нѐ
To Top

Засилено полициско присуство кај Кривичен суд за „Дива населба“

Засилено полициско присуство е забележливо претпладенво пред и во Кривичниот суд каде што денеска треба да биде соопштена пресудата за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015 година во кои загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили.

Сообраќајот пред судот се пренасочува, а повремено надлетуваат и полициски хеликоптери.

реклама

Судското рочиште на кое ќе биде објавена пресудата е закажано за 10:30 часот.

Пресудата за овој случај требаше да биде донесена на 17 октомври, но беше одложена поради локалните избори на  барање на МВР.

Обвинителството побара доживотен затвор за сите 37 обвинети за тероризам и терористичка организација. Адвокатите на обвинетите, пак, бараат ослободителни пресуди, бидејќи според нив има недостаток на докази за стореното кривично дело.

На 9 и на 10 мај 2015 година, во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.