Поврзи се со нас

Популарно.мк

Пресуда за „Дива населба“, ќе се пренасочува сообраќајот

Вести

Пресуда за „Дива населба“, ќе се пренасочува сообраќајот

Скопскиот Кривичен суд денеска треба да ја соопшти пресудата за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015 година во кои загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили.

Пресудата за овој случај требаше да биде донесена на 17 октомври, но беше одложена поради локалните избори на  барање на МВР.

Обвинителството побара доживотен затвор за сите 37 обвинети за тероризам и терористичка организација. Адвокатите на обвинетите, пак, бараат ослободителни пресуди, бидејќи според нив има недостаток на докази за стореното кривично дело.

На 9 и на 10 мај 2015 година, во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

МВР соопшти дека поради одржување на судското рочиште за „Дива населба“ сообраќајот околу зградата на Основниот суд Скопје повремено ќе биде пренасочен.

– Утре на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје ќе се одржи судско рочиште за настаните поврзани со „Дива населба“. Од тие причини сообраќајот на сообраќајниците по кои ќе се спроведуваат обвинетите и сообраќајниците околу зградата на Основниот суд Скопје, повремено ќе биде пренасочен за останатите учесници во сообраќајот, се наведува во соопштението.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.