Следи нѐ
To Top

Робот којшто емотивно се поврзува со сопственикот

Јапонскиот технолошки гигант Сони соопшти дека конструирале роботско куче, наречено АИБО, коешто може да оствари емоционална врска со луѓето.

Роботот ќе Ви пружи љубов. Ќе Ви биде наклонет и приврзан и ќе покажува радост кога ќе се играте со него или додека го галите.

реклама

„Миленичето“ има два ОЛЕД панела кои можжат да прикажат бројни чувства и расположенија, а неговото тело е доста флексибилно и подвижно. Однесувањето на кучето пак, е прилагодливо, оти тоа всушност го учи и помни она коешто неговите сопственици ги чини среќни.

АИБО има и интернет конекција, па така може да контролира и други куќни апарати.

Најголемата маана на роботчето е тоа што неговата батерија трае само два часа, по полнење од три часа.

Направата на пазарот во Јапонија излегува од 11 јануари наредната година. Ќе чини приближно 1.700 долари, што е скоро двојно помалку од неговиот претходник.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.