Поврзи се со нас

Популарно.мк

Нетфликс ги прекинува врските со Кевин Спејси за серијата „Кула од карти“

Сцена

Нетфликс ги прекинува врските со Кевин Спејси за серијата „Кула од карти“

Стриминг сервисот Нетфликс соопшти дека ги прекинува односите со Кевин Спејси за серијата „Кула од карти“ по обвинувања кон актерот за сексуални напади.

Нетфликс објави дека повеќе нема да учествува во финансирањето на серијата „Кула од карти“, ако Кевин Спејси продолжи да глуми во неа. Компанијата ќе продолжи да работи со продуцентската куќа Ем Ар-Си, која е копродуцент на серијата, за да се процени дали таа може да биде завршена без Спејси.

Нетфликс, исто така, одбива да стримува филмот „Гор”, во кој Кевин Спејси е копродуцент и ја игра улогата на писателот Гор Видал. Филмот во моментов е во пост-продукција и се очекуваше во кино салите да се појави следната година.

Во вторникот, Нетфликс соопшти дека ја замрзнува соработката на шестата и последна сезона на „Кула од карти“.

Од почетокот на неделава зачестија обвиненијата против Кевин Спејси за сексуално вознемирување или сексуални напади како во САД, така и во Велика Британија. Некои од овие обвинувања се за случаи од пред неколку децении, од кои едниот е за обид за силување на 15-годишно момче.

Спејси не е ниту уапсен ниту против него има поднесено обвиненија.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.