//
Следи нѐ
To Top

Тасманија – егзотичен остров на крајот на светот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Тасманија е едно од оние рајски места коешто треба да го посетите ако патувате за Австралија. Островот се наоѓа на 240 км од континентот, а холандскиот авантурист Абел Тасман бил првиот човек кој го истражил во 1642 година.

Една од најпознатите знаменитости е тасманскиот ѓавол кој во Тасманија е ендемичен вид, и е најголемиот месојаден торбар. Над 40 отсто од островот спаѓа во подрачјето заштитено како светско природно наследство.

реклама

Гостопримливите мештани, пријатната клима, традиционалната кујна и опуштената атмосфера нудат фантастична прилика за одмор од сништата.

Пештерата Хејстингс и термалните извори

Прошетка во тунел меѓу сталагмити и сталактити со повремено навлажнување со топла изворска вода од 28 степени Целзиусови е одлична комбинација. Пештерата Хејстингс е на 90 минути возење од сојузниот главен град Хобарт.

Планината Велингтон

По Сиднеј, најстар град во Австралија е Хобарт. Над него се издига планината Велингтон висока 1.270 метри. А, доколку се искачите на неа кога е облачно, ќе искусите како е да се стои над облаците.

Заливот Вајнглас

Плажите во тој залив редовно се наоѓаат на светските листи како едни од најубавите. Со старинските складишта, ресторани, едрилици и чамци, погледот е како од разгледница.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијаноември 4, 2017
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијаноември 4, 2017
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијаноември 4, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: