Следи нѐ
To Top

Во Скопје викендот 40 сообраќајки, тешко повредени четири лица

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 40 сообраќајни незгоди. Од нив, четири лица се здобиле со тешки телесни повреди во четири сообраќајки, во 12 со полесни повреди се здобиле 12 лица, а во 24 е причинета материјална штета.

Како што информира МВР, во петокот сообраќајната полиција извршила увид на 14 сообраќајни незгоди, од кои во една со тешки телесни повреди се здобило едно лице, во три полесно биле повредени четири лица, а 10 поминале со причинета материјална штета.

реклама

Во сабота, бил извршен увид на 15 сообраќајни незгоди. Две лица биле потешко повредени во две сообраќајки, во четири биле полесно повредени седум лица, а девет поминале само со материјална штета.

Вчера, пак, сообраќајната полиција извршила увид на 14 незгоди. Едно лице било тешко повредено во една, а во три сообраќајки полесно биле повредени четири лица. Во 10 била причинета материјална штета.

МВР информира и уште дека сообраќајната полиција во текот на овие три дена открила и санкционирала поголем број прекршоци.Сто триесет и пет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 46 возачи биле исклучени од сообраќај поради управување на возилото под дејство на алкохол и управување возило пред да се стекнат со право на управување, 25 возачи го управувале возилото со истечена важност на дозволата, еден возач поминал на крстосница на црвено светло, двајца возачи неправилно се престроиле, како и 12 возачи поради неправилно престигнување. Затекнати биле и 111 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 133 возила.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.