Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Владата ја укина акцијата „Ден на дрвото“

Вести

Владата ја укина акцијата „Ден на дрвото“

Владата денеска на седница донесе заклучок за престанок на акцијата „Ден на дрвото“, а причина се слабите ефекти од досегашното спроведување.

Портпаролот на Владата на Република Македонија Миле Бошњаковски потенцира дека на седницата е разгледана Информацијата за спроведување на пошумувањето и оти Владата го задолжила ЈП Македонски шуми да достави сеопфатна информација за ефектите и резултатите од акцијата во изминатите години.

– Досегашните информации пред да се донесе одлука се дека во минатото биле посадени 35 милиони садници, а процентот на успешност се движел од 0 до 15 проценти, рече портпаролот.

Додаде дека идните активности за пошумување ќе се реализираат со одобрена предлог програма за проширена репродукција на шумите на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.