Следи нѐ
To Top

Раде и Каролина заедно со публиката ја пееја „Со маки сум се родила“ (ВИДЕО)

Сплет од емоции и интимна атмосфера на двата концерта на Раде Шербеџија кои овој викенд се одржаа во Македонската опера и балет.

Тој пред македонската публика уште еднаш го потврди талентот како пејач, поет и глумец, токму поради театралноста во неговиот настап, а на бината беше придружуван од групата „Западни колодвор“.

реклама

Причината за дводневниот концерт беше промоцијата на неговиот нов албум, но тој изведе и голем број од познатите песни и рецитали како „Не дај се, Инес“, „Мени се душо од теби не растаје“, „Чекај ме “, „Имам пјесму за тебе“ и многу други.

Влатко Стефановски, Каролина Гочева, браќата Тавитјан и Гарабет Тавитјан и Јана Стојановска беа специјални гости и дополнително ја збогатија програмата на концертот.

Двата концерта на Раде Шербеџија во МОБ поминаа во навистина емотивна, но опуштена и интимна атмосфера.

71-годишниот актер и пејач го заврши со прекрасна изведба на старата македонска песна „Со маки сум се родила“, која ја пееше заедно со Каролина и целата публика.

Видеото од специјалниот момент на Facebook го споделија и Каролина и Авалон, продукцијата која е заслужна за реализацијата на концертите.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.