Следи нѐ
To Top

Твитер двојно го зголемува бројот на карактери во пораките

По успешното тестирање Твитер одлучи двојно да ја зголеми максималната должина на пораките, односно од 140 на 280 карактери, соопшти американската компанија.

Веста претставува миниреволуција за социјалната мрежа, која спроведе тестирање во септември меѓу своите корисници.

реклама

– Наша цел е да го направиме тоа, а истовремено да ја гарантираме брзината и кратката содржина, кои се олицетворение на Твитер. По резултатите од тестирањето со задоволство соопштуваме дека ја постигнавме целта и ќе извршиме промена на сите јазици, каде лимитот од 140 карактери им отежнува на корисниците, напиша компанијата на својот налог на Твитер.

Продолжувањето на твитовите ќе се однесува само за пораките со латински букви, напоменува американската компанија, бидејќи лимитот од 140 знаци веројатно им претставува проблем пред се на корисниците кои пишуваат на англиски, шпански, португалски или француски јазик, за разлика од оние кои пишуваат на јапонски, корејски или кинески јазик.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Интернет

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.