Поврзи се со нас

Популарно.мк

На Светското првенство во Русија ќе се игра со редизајнирана топка од 70-те

Спорт

На Светското првенство во Русија ќе се игра со редизајнирана топка од 70-те

Првата официјална фотографија од топката со која ќе се игра на Светското првенство следното лето во Русија, се појави на официјалните мрежи.

Најдобрите светски фудбалски селекции ќе играат со редизајнирана топка под името „Телстар“, со која се играни две Светски првенства – 1970 и 1974 година.

Станува збор за топка од марката Адидас, која е многу едноставно дизајнирана.

Основна боја е белата, со дезен во вид на пиксели, обоен во нијансите од црна кон сива боја.

Натписите на топката се златни, а таа се вика „Телстар 18“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Спорт

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.