Следи нѐ
To Top

„Убер“ најави соработка со НАСА за производство на летачки автомобили

Такси компанијата „Убер“ денеска најави дека работи со американската вселенска агенција НАСА за што е можно поскоро да ги воведе своите летачки автомобили во масовна употреба.

– Работиме на системот УТМ, кратенка која означува беспилотен авионски систем за контрола на сообраќајот. Нашето одделение „Убер Ер“ ќе има многу летала кои ќе летаат над градовите, тука зборуваме за број на летала без преседан досега и потребна ни е нова технологија за да можеме безбедно да ги насочуваме леталата, изјави директорот за производи на „Убер“, Џеф Холден во интервју за Блумберг.

реклама

Холден изјави дека „Убер“ потпишал договор со НАСА со цел да се искористат капацитетите на вселенската агенција за што е можно поскоро да се произведе и имплементира системот за управување со летала, кој би функционирал над густо населени урбани средини во разни временски услови, додека „Убер“ е посветен на изработката на самите летала.

Летачките автомобили на „Убер“ би се движеле по однапред определени воздушни коридори, во координација со постоечките центри за контрола на авио-сообраќајот.

Според претходни најави од „Убер“, самите летала веројатно ќе наликуваат на борбениот авион „Оспреј“ на американската армија, кој има пропелери за вертикално полетување, кои потоа за време на летот се поставуваат паралелно со леталото.

Се очекува компанијата да ги користи покривите на повисоките згради како „такси станици“ за своите летачки возила.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Sci-fi

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.