Следи нѐ
To Top

Битрикс танцова лига – најголем камп за модерни танци во Македонија и Балканот

Овогодинешните светски вицешампиони Битрикс, започнувајќи од 11 ноември, по четврти пат ќе го реализираат проектот „Битрикс танцова лига“. Станува збор за танцов камп кој според бројот на работилници ќе биде најголемиот камп одржан на Балканот.

На работилницата се поканети реномирани танчери и кореографи од неколку земји, и тоа: САД – Franklin Yu, Италија – Jun Quemado, Украина – Liza Riabinina, Швајцарија – Adrien Rako, Србија – Душан Костиќ и минатогодишниот победник на најголемиот светски натпревар во слободно играње – UKAY од Германија.

реклама

Сите тие ќе одржат преку 18 работилници во Македонија на кои ќе учествуваат танчери од нашата земја, како и од други држави меѓу кои: Германија, Австралија, Грција, Србија и Косово.

Покрај нив, работилници ќе одржат и танчерите од Битрикс: Ивана Балабанова, Леонардо Хусеини, Стефани Пецалевска, Мартин Иванов, Ана Марија Темелковска и Јана Петровска.

За време на овие работилници танчерите ќе добијат можност да бидат одбрани од двајца од гостите-инструктори за да учествуваат во перформанс создаден од нив, а истовремено, најдобрите дваесет танчери од целата лига ќе се борат за главната награда – спонзорство за учество на танцовиот камп „OMG” во Бугарија.

Битрикс Танцовата  Лига завршува на 20 ноември со таканаречена „Гала Вечер” каде танчерите го презентираат она што го научиле и се одбира победникот од лигата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.