Поврзи се со нас

Популарно.мк

Британија ќе ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година во 23 часот

Вести

Британија ќе ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година во 23 часот

Британската Влада денеска објави дека Велика Британија ќе ја напушти Европска унија на 29 март 2019 година во 23 часот по локално време.

Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис изјави дека временската одредница ќе биде внесена во амандман на предлог-законот за излегување од Унијата, кои во моментот се подготвува во Парламентот.

– Тој амандман јасно укажува дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ во 23 часот на 29 март 2019 година, се наведува во соопштението од Кабинетот на Дејвис.

Претходно дел од британските пратеници изразија загриженост поради што не е прецизиран датумот за Брегзит во Законот.

– Ја послушавме јавноста и Парламентот ја внесе таквата промена за да се избегне конфузија, се посочува во соопштението.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.