Следи нѐ
To Top

Меган Маркл најверојатно ќе стане војвотка

Се посилни се гласините дека принцот Хари ќе ја одведе пред олтар глумицата Меган Маркл, која веќе ја прекина работата на серијата „Suits” и навести крај на глумечката кариера на сметка на титулата која ја чека кога ќе се омажи за принц.

Имено, таа нема да биде принцеза, исто како што ни Кејт ни Камила не се принцези. Меган има уште неповолна положба, оти принцот Хари не е престолонаследник.

реклама

По традиција, кралицата Елизабета им ги дава титулите на внуците на денот на венчањето. Гласините говорат дека на Хари, таа ќе му ја додели титулата – војвода од Сасекс, па така, Меган ќе стане војвотка.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.