Следи нѐ
To Top

Македонија претставена како главна мигрантска рута во новата епизода на серијата „Блеклист“

Најновата епизода на култната американска крими серија „Блеклист“ е посветена на шверцот на мигранти преку Македонија.

Во епизодата насловена „Корпорацијата Килганон“ која се емитуваше завчера, Македонија е претставена како најпрофитабилната рута за шверц на луѓе од Азија во Европа.

реклама

Во епизодата Рејмонд Редингтон, ликот што го глуми актерот Џејмс Спајдер, го уфрла својот соработник Дембе во група арапски мигранти кои патуваат преку Солун и македонската граница до шверцерска база внатре во Македонија, при што се соочуваат со рации и низа опасности.

Епизодата е инспирирана од големата мигрантска криза во 2015 и 2016 година, во текот на која Македонија беше на главната балканска рута за транспорт на мигранти и бегалци до Европа.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.