Следи нѐ
To Top

ПРАЗНИК НА ОНЛАЈН КУПУВАЊЕТО: Светот денеска ќе потроши милијарди долари на „Алиекспрес“

Кинеските потрошувачи денеска, по повод Денот на самците, ќе потрошат милијарди долари купувајќи преку Интернет разни предмети од пелени до дијаманти.

Продажбата започна на полноќ, а најголемата онлајн-трговска компанија во Кина, Алибаба, објави дека приходите преку нивната локација надминале 19 милијарди долари во првите 12 часа од празникот.

реклама

И ривалите на Алибаба, како што е ЏиДи. ком (JD. com,) прават огромни профити, бидејќи на купувачите им нудат големи попусти на облека, паметни телефони, патувања, храна и други производи.

Денот на самците го востановиле студенти во 1993 година, а е замислен како алтернатива на Денот на вљубените, за оние кои немаат партнер.

Младите си подаруваат едни на други подароци и го слават статусот на самец, но одат и на прослави, кои се можност да се сретнат со некого.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Интернет

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.