Следи нѐ
To Top

Редици на луѓе за отворањето на новиот салон на Телеком во „Сити мол“ (ФОТО)

Редици на луѓе чекаа на отворањето пред новата ексклузивна продавница на Македонски Телеком во „Сити мол“ во Скопје, да ја искористат специјалната понуда на Samsung смартфони, за еден денар.

Новоотворената продавница на Македонски Телеком во „Сити мол“ во Скопје, нуди нов концепт, каде освен уреди и услуги се нуди и социјализација, забава, мултимедијално искуство и персонален пристап кон секој корисник.

реклама

Постои изложбен простор со уреди и услуги, зона за гејминг и забава и кафе бар. Зоната за гејминг и забава е уредена како дневна соба во која корисниците ќе можат да уживаат во користење на напредни услуги и решенија и да се забавуваат. Кај уредите и услугите, новина е што ќе има и катче за лични консултации.

Во продавницата има и зелен еко ѕид, за прв пат во продавниците на Дојче Телеком. Ѕидот, освен декоративна, ќе има и практична функција, односно ќе служи за природно прочистување на воздухот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Creative

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.