Следи нѐ
To Top

Телеком Австрија стана единствен сопственик на оне.Вип

Телеком Словенија за 120 милиони евра и ги продаде на Телеком Австрија своите 45 проценти акции во македонскиот телекомуникациски оператор оне.Вип, соопшти словенечкиот Телеком.

Со оваа трансакција Телеком Совенија целосно се повлекува од оне.Вип, а Телеком Австрија станува единствен сопственик на компанијата.

реклама

Во октомври 2014 година членката на групацијата Телеком Словенија, Оне Дооел Скопје потпиша договор за спојување со ВИП оператор, член на групацијата Телеком Австрија.

Една година подоцна Телеком Словенија и Телеком Австрија добија ооборние од македонската Антимоноплската управа за спојување на Оне и Вип во една компанија. Телеком Словенија во тој момент стана сопственик на 45 проценти, а Телеком Австрија на 55 проценти од акциите од новата компанија оне.Вип.

Договорот даваше можност во период од три години  Телеком Австрија да ги преземе сите акции.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.