Следи нѐ
To Top

„Песнички за деца и возрасни“- нов албум на Дубиоза Колектив

Поминаа четири години од последното дискографско издание на бендот, а песните од последниот албум „Апсурдистан“ го обиколија целиот регион и речиси пет години се неизоставен дел од нашето секојдневие.

Таму каде што застана „Апсурдистан“, продолжува новиот албум. „Песнички за деца и возрасни“ е насловот на албумот кој ни носи девет песни.

реклама

Веќе ни стана јасно со првите две песни, „Химна генерације“ и „Треба ми зрака“, дека се подготвува нешто интересно. Обете песни ги освоија слушателите, додека на „Youtube“ каналот имаат остварено милиони прегледувања.

„Песнички за деца и возрасни“ е задолжителна лектира која секој мора да ја „прочита“.

Албумот го снимивме со леснотија, за само четири дена, бидејќи сите песни ги украдовме од „Youtube“. Сега едвај ги чекаме реакциите на публиката, а со уште поголем страв и нетрпеливост чекаме да видиме дали ќе не разоткријат од здружението за заштита на авторски права. Во албумот ни свират интересни гости со кои, се надеваме, бевме добри домаќини. – коментираше бендот во свој стил.

Дубиоза на овој албум го угости босанскиот бенд „Хелем Нејсе“ но песната, „Пионирска“, во песната „Аутопилот“ им се придружија Дино Шаран и Deaf Band Dlan, а веќе промовираниот сингл „Треба ми зрака“ ја донесе песната која Дино Дворник ја започнал, а Дубиоза ја завршија 15 години подоцна.

Обвивката на албумот ја илустрираше легендарниот Добросав Боб Живковиќ чии цртежи прикажуваат симпатични животни кои се претвораат во траги-комичните ликови на јунаците од песните на Дубиоза Колектив.

Освен во стандарден формат, дискот ќе биде објавен и како сликовница за деца и возрасни.

Новиот албум излегува како издание на „Менарт“, а исто така е достапен и за бесплатно преземање на dubioza.org

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.