Следи нѐ
To Top

„ГРАД ЗА ЉУБОВ“: Албум со душа, силна порака и многу љубов за градот од Дани Димитровска (ФОТО)

Вчеравечер во клуб-ресторанот „МКЦ“ во Скопје Дани Димитровска одржа спектакуларна промоција на својот најнов албум со наслов „Град за љубов“, на кој работеше долго време, но и со причина.

Дани и нејзиниот тим на чело со Весна Малинова направија музика создадена со душа, позитивина енергија и музика со многу љубов. На него се најдоа осум композиции, од кои веќе неколку познати на публиката и неколку нови.

реклама

Носечка нумера на албумот не постои, бидејќи сите песни се содржители на суштината на животот, градот, односот кон себе и се друго.

– Град за љубов инспирира на враќање на другарскиот дух во градот. За суштински вредности зборуваме, оние подзаборавените. Вчеравечер во „МКЦ“ видов дека музиката се уште се сака, видов дека македонската музичка култура се издигнува со поддшка и љубов. Истото што го пеам и зборам за луѓето и животот и градот. И тоа е суштината и таа ми е на албум – изјави Дани Димитровска.

На синоќешната промоцијата за која уште долго ќе се зборува, присуствуваа голем број на пријатели, соработници, колеги, спортски работници и други. Меѓу присутните ги забележавме: Каролина Гочева, Столе Стоилов, Бобо Дајнерс, Панчо од ДНК, Билјана Дебарлиева, Тоше Гечески, Чедо Поповски, Сефер Цановски, Перо Камиказа, Вера од „Љубојна“, Ѓоко Таневски, заменикот министер за култура Владимир Лазовски, Иванна Хаџиевска, Ирена Спировска, Влатко Лозаноски, Елена Петреска, Наташа Малинкова, Теа Трајковска, Наум Петрески, момците од „Дрим-Тим“, претставници од „Танец“ , Љупчо Мирковски, „Суперхикс“, „Ноќните волци“, групата „Морал“, Влатко Илиевски и уште многу други успешни и урбани лица.

Со овој гала-прием познатата пејачка ги крена стандардите и даде пример како треба да изгледаат промоциите.

Инаку на овој преубав музички настан, Дани го промовираше и најновото видео за „Лево-десно“, нумера која се наоѓа на овој нов албум.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.