Следи нѐ
To Top

Триесетина ученици повредени во сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Триесетина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар се повредени во сообраќајна несреќа што се случи изутрината околу 07:30 часот на патот Демир Хисар – Кичево. 

Покрај учениците кои се здобиле со телесни повреди, како што информираа од МВР за МИА, тешко е повреден и возачот на автобусот З.С. (49) од селото Единаковци, Демир Хисар.

реклама

Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Битола каде им е укажана лекарска помош.

Според полицијата, до несреќата дошло при судир на автобусот и комбе со битолски таблички, управувано од С.С. (56) од Крушево.

Сообраќајот не бил во прекин и извршен е увид на местото на настанот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

  • Идната недела снег и температури длабоко под нулата

    Времето утре ќе биде облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните и...

    Информативна Редакцијаноември 14, 2017
  • Десет сообракајќи во Скопје, еден загинат

    Едно лице загина, едно се здобило со тешки телесни повреди, а осум се полесно повредени во десет сообракајќни несреќи што се...

    Информативна Редакцијаноември 14, 2017
  • Облачно и суво со умерен ветер

    Времето денеска ќе биде претежно облачно и суво, со умерен југоисточен ветер. Во крајните јужни и северни планински делови, особено попладне, ќе...

    Информативна Редакцијаноември 14, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.