Следи нѐ
To Top

ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Емотивно музичко патување со Матија Дедиќ и Зоран Предин

За прв пат во Македонија доаѓа двоецот Предин и Дедиќ со нивниот проект „Трагови у сјети”, проект кој веќе ги пропатува речиси сите градови од поранешна Југославија и ги освои симпатиите на публиката и критиката.

На 17 ноември во МНТ македонската публика ќе има можност да ги слушне најубавите песни на Предин и најпознатите хитови кои будат спомени на различни генерации. “Јесен у мени”, “Галеб и ја”, “Зажмури”, “Магла”, “Ти си ми у крви”, “Васа Ладачки”, “Те ночи кад умрем”, “А сад адио” ….. како и многу други песни од големите автори на поранешна Југославија.

реклама

Матија Дедиќ e роден во Загреб во исклучително музичко семејство. Растен со неговите родители Арсен Дедиќ и Габи Новак тој започнува да свири клавир уште на 5 годишна возраст а дипломира на џез академијата во Грац, Австрија.

Во својата кариера настапувал речиси на сите континенти, со многу исклучителни светски музичари а асоцијацијата на хрватски автори го наградува со титулата “Најдобар автор и најдобро ново име во последните 10 години”.

Зоран Предин публиката го памети како фронтмен на култната словенечка група Лачни Франц и неговите големи хитови “Čakaj me”, “Praslovan”, “Naj ti poljub nariše ustnice”, “Ne mi dihat za ovratnik” и многу други. По 11 години во групата и 16 снимени албуми, тој продолжува со соло кариера и објавува 15 албуми а допoлнително работи и музика за ТВ, театар и филм.

Овие двајца исклучителни музичари го создаваат проектот “Трагови у сјети” и издаваат два албума за кои хрватската критика ќе напише – “Најголемата вредност на албумите е таа што со песни од различни автори, создадени за различни пеачи во различни временски контексти креира оригинална уметничка нишка, серија на сликички кои имаат смисол и кои налик на филм ја раскажува својата приказна, воздржано, смиренио, сетно и мудро… Вака се
прават албуми кои се паметат”. (Zoran Tučkar/Muzika.hr)

Влезниците за концертот на 17 ноември во МНТ се во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, Југотон и онлајн на www.kupikartizase.com.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.