Следи нѐ
To Top

КАРДИОЛОЗИТЕ СО НОВ СТАВ: Хипертензија е од 130/80

Американските кардиолози објавија измена на дефиницијата за хипертензија, па сега оценуваат дека таа започнува кога крвниот притисок ќе достигне 130/80, наместо претходниот притисок од 140/90.

– „Висок крвен притисок е дефиниран како систолен притисок од 130 милиметри од живиниот столб и дијастолен притисок од 80 мм“, се наведува во новите насоки објавени во списанието „Хипертензија’ на Американскиот колеџ за кардиологија.

реклама

Упатството е претставено неделава, на годишната конференција на Американското кардиолошко здружение во Анахајм, во Калифорнија.

Со првата ревизија на насоките за хипертензија од 2003 година, се добива нова дефиниција, според која 46 проценти од возрасните Американци имаат превисок крвен притисок, додека претходно беа 32 проценти.

Со новите насоки се елиминира категоријата „пред-хипертензија’, која се однесуваше на систолен притисок од 120 до 139 и дијастолен меѓу 80 и 89.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • На Месечината има погребан човек

    На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја посетиле: делови од летала и сонди, камери, ранци, па дури и голф-топче…...

    Информативна Редакцијаноември 15, 2017
  • Јапонец ќе биде првиот турист на Месечината

    Јапонскиот милијардер и тајкун од областа на интернет продажбата, Јусаку Маезава (42) ќе биде првиот што туристички ќе ја посети Месечината....

    Информативна Редакцијаноември 15, 2017
  • Трите одлики на секој успешен човек

    Кога ги гледате успешните луѓе околу вас, забележувате дека имаат многу заедничко. Сите успешни жени, на пример, блескаат од самодоверба. реклама

    Информативна Редакцијаноември 15, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.