Следи нѐ
To Top

МАРС: „Ова лето ќе се памти“ – радиски хит за 2017 година

Вчеравечер во Македонската опера и балет беа доделени наградите на 10. јубилејно издание на Македонскиот радиски фестивал „МАРС 2017“.

Песната „Ова лето ќе се памти“ на Влатко Лозаноски – Лозано е прогласена за радиски хит за 2017 година, а пејачот ја доби и наградата за најдобар машки вокал.

реклама

Организаторите приредија времеплов низ македонската музика со диџеј миксови помеѓу рекламните паузи, но и со водителите кои низ годините се појавиле на сцената на „МАРС“.

Наградата за најдобра преработка замина во рацете на дуото „Некст тајм“ за песната „Слушам кај шумат шумите“, а најслушан поп-хит со етно-мотиви беше одликуван „Остани“ на Димитар и Тајфата.

Андреј и Панчо од „ДНК“ традиционално и оваа година не ја изоставија наградата за највртен ар-ен-би хит, но  Панчо доби уште една награда, за најдобра соработка во песната „Рушевини“ заедно со Теа.

Наградата за најслушана радиска балада замина во рацете на Кристина Арнаудова за „Љубена“, а „Мојот крал“ на „Ај кју“ е најдобар радиски хит изведен од група.

Сара Мејс ја доби наградата за радиски диско-поп хит на годината со песната „Небо“ на Сара Мејс, а Викторија Лоба за најслушан поп-хит со песната „Дојди“.

Наташа Малинкова ја доби наградата за најдобар женски вокал, а наградата за трајни вредности отиде во рацете на членовите на групата „Меморија“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.