//
Следи нѐ
To Top

ЗДЕЛКА НА ГОДИНАТА: Слика на Леонардо да Винчи продадена за 450 милиони долари

Уметничкото дело – сликата „Спасителот на светот“ („Salvator Mundi”) од Леонардо да Винчи, беше продадена на аукција организирана од њујоршката филијала на лондонската куќа Кристис, за 450,3 милиони долари, со што стана најскапо платената уметничка слика во светот.

Маслото на платно со димензии 65 х 45 сантиметри, го прикажува Исус Христос како држи кристална топка.

реклама

На вчерашното наддавање, последното дело на Да Винчи, го надмина претходниот рекордер, Пикасовите „Жени од Алжир”, слика којашто во 2015 година беше продадена за 179,4 милиони долари.

Аукциската куќа ја процени „Спасителот“ на 100 милиони долари. Во 1958 година пак, таа чинеше 45 фунти, но тоа беше пред да биде неспорно призната како дело на Да Винчи (2005).

Наддавањето почна од 70 милиони, и по 53 накачувања на цената, таа достигна 400 милиони, односно 450,3 милиони долари, со сите пропратни трошоци.

Сликата досега му припаѓаше на рускиот милијардер Дмитри Риболовљев, олигарх и сопственик на фудбалскиот клуб Монако. Тој ја купил од швајцарскиот трговец со уметнички дела, Ив Бувие, за 127,5 милиона долари, а тој пак, претходно за неа платил 80 милиони долари.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијаноември 16, 2017
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијаноември 16, 2017
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијаноември 16, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: