Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пијан Романец заспал во локално кафуле и се разбудил во Лондон

Занимливости

Пијан Романец заспал во локално кафуле и се разбудил во Лондон

Романецот Михаил Данциу пиел со неговите пријатели во локално кафуле во романскиот град Албешти и помислил дека би била добра одлука да се обиде да најде работа во Лондон.

После неколку чаши Данциу се обложил со пријателите дека може да најде работа во Велика Британија и друго на што се сеќава е дека се разбудил во двор на зграда во центарот на Лондон со модринки и во шок, дека сите околу него зборувале англиски.

Тој бил однесен во болница каде што медицинската сестра од романско потекло Адина Востаче потврди дека навистина стигнал во Велика Бритнаија, објави „Дејли Мејл“. Медицинската сестра неговата приказна ја објавил во група на Фејсбук со надеж дека некој од нејзините пријатели од Романија ќе знае како Михаил пристигнал во Лондон.

Лекарите неговиот идентитет го утврдиле откако неговата фотогафија се појавила на Интернет.

– Тој е пронајден пијан и делуваше како некој да го претепал. Во болница беше донесен и тој ми рече дека не познава никој во Лондон и дека е зачуден дека не во Романија. Воопшто не знае како стигнал во Лондон, напиша медицинската сестра.

Романските медиуми веста објавија дека последен пат тој бил виден како пие со неговите пријатели во Албешти, а локалните власти приказната ја потврдија и работат на помагање човекот да се врати дома.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.