Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Тешка сообраќајна несреќа на „Партизанска“, нема жртви

Вести

Тешка сообраќајна несреќа на „Партизанска“, нема жртви

Вчеравечер на булеварот „Партизански одреди“ се случила тешка сообраќајна несреќа каде се судриле две возила, во која за среќа нема загинати.

Автомобилите, кои според неофицијални информации возеле со голема брзина, се судриле на булеварот спроти пекарата „Силбо“, при што е причинета голема материјална штета. Едно од возилата удрило во билборд кој што е срушен и за малку ќе влетало во експозитурата на НЛБ Банка.

Екипите на итната медицинска помош реагирале веднаш, а полицијата извршила увид на местото на сообраќајната несреќа. Едно лице кое управувало со еден од автомобилите било повредено и префрлено во болница, а за среќа нема жртви.

За потсетување на истата локација пред две години во сообраќајна несреќа животот го загуби студентката Фросина Цековска која беше прегазена на зелено светло за пешачи од возило во движење со голема брзина.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.