Поврзи се со нас

Популарно.мк

НАСА открива кои градови би можеле да бидат потопени

Sci-fi

НАСА открива кои градови би можеле да бидат потопени

Научниците во „формулата“ го ставаат ефектот на гравитацијата на Земјата и нејзината ротација за да се предвиди како водата ќе се „редистрибуира“ во дел од светот.

НАСА направи нова алатка за предвидување кои градови ќе бидат потопени поради топење на мразот предизвикан од глобалното затоплување, објави Ивнинг Стандард.

Таа алатка откри дека Лондон е меѓу градовите кои ќе бидат зафатени поради топење на ледот на Гренланд. Од иста причина би можел да биде потопен и Дубровник, се вели во документите кои го следат истражувањето.

– Алатката за секој град дава јасна слика каде глечерите се од посебна важност, рече за Би-Би-Си еден од научниците кои учествувал во истражувањето.

Истражувањето покажа дека топењето на големите ледени површини на западниот дел на Гренланд во Европа може да влијае на Лондон, Дубровник и Тромсо, Осло, Атина, Сиракуза, Марсеј, Гибралтар и Брест.

Податоците на научниците покажуваат дека топењето на глечерите  има влијание врз зголемувањето на нивото на морето во текот на 20 век, а во 21 век тоа влијание се повеќе се зголеми.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Sci-fi

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.