Следи нѐ
To Top

Исландски остров кој со децении зрачи со мистерија

Островот Елидај е дел од архипелагот Вестман, кој се наоѓа јужно од Исланд.

Поради својата необична форма, локација и историја, островот често е повод за различни „мистериозни“ теории и размислувања, меѓутоа изгледа дека многу малку од нив имаат врска со реалноста.

реклама

Едно време се зборуваше дека Владата на Исланд островот и го подарила на поп пејачката Бјорк, но тоа подоцна беше демантирано, односно се утврди дека се работи за грешка, затоа што постои уште еден остров во близина на Исланд, кој го носи истото име, а се наоѓа на западниот дел на земјата и таму Бјорк навистина има куќа.

Фотографиите од островот кои се вртат на Интернет, поради недостиг на информации, ги поттикнаа гласините, а една од нив е дека фотографиите од островот се „фотошопирани“.

Исто така, можеа да се прочитат и тврдењата дека во осамена куќа на овој изолиран остров тајно жиеат милијардери, како и тоа дека куќата ја користат тајни секти, а некои приказни отишле толку далеку што се спомнуваат и зомби.

Фактите се следни. Тоа е трет остров по големина од архипелагот Вестман, моментно е ненаселен, а единствената куќа, која таму се наоѓа е во приватна сопственост на Ловечкото друштво „Елидај“.

Пред 300 години на островот живееле пет семејства и тие се занимавале со риболов и лов. Сепак животот на овој изолиран остров беше многу непрактичен, така што тој бил напуштен. Последните жители си заминале од островот во 1930 година.

И покрај гласините или токму поради нив, островот стекна слава, а освен неверојатната убвина, на него нема интернет, струја, ниту досадни соседи. Посетите се ограничени, освен ако не сте член на Ловечкото друштво „Елидај“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.