Следи нѐ
To Top

ПЕТРА: Древна магија во камен

Петра, кој е познат и како Камен град, изградена е четири века пред нашата ера и 500 години бил главен град на Набатејците, а во 13. век целосно е напуштена и заборавена. Повторно беше откриена на почетокот на 19. век од Швајцарецот, Јохан Буркхарт.

Фондацијата „New7Wonders“ со седиште во Швајцарија во 2007 година организираше гласање, во кое учествуваа повеќе од 100 милиони луѓе и со кое Петра е вклучена на листата на Седумте нови светски чуда.

реклама

Станува збор за историско место, кое се наоѓа во јужниот дел на Јордан во близина на пристанишниот град Акабеа. Организираните туристички тури од Акабеа до Петра траат еден и пол час возење низ сувите пустински кањони и долини. На самиот влез во Петра се изградени голем број хотели и проавници за сувернири.

Набатејските клесари биле мошне успешни во обработување и моделирање на карпи во раскошни форми. Петра е изградена во речна долина, која има форма на амфитеатар, а иако коритот на реката воглавно е суво, во историјата забележани се бројни поплави на градот. Силните камени тврдини, патиштата и просториите изградени во карпите биле преноќишта на трговските патници.

Градот Петра и древниот пат кој води кон него е преполни со археолошки траги, кои зборуват за животот на некогашната цивилизација, а посебно внимание на туристите од сите делови на светот привлекува раскошната гробница и мавзолејот владетелот од времето кога градот бил во екот на развојот.

Со продолжувањето на патот кон Петра, туристите на коњи или камили стигнуваа до древниот амфитеатар, исто така сместен во карпа, а станува збор за простор кој може да прими и до шест илјади посетители. Камените куќи и споменици во Петра се специфични и не можат да се видат никаде на друго место во светот.

Туристичките експедиции од Петра се враќаат во екот на вечерта, кога градот веќе тоне во темната пустинска ноќ и кога патеките ги осветлуваат само свеќи и факели ставени во песок.

Во периодот од 1977 до 2007 година во Петра се снимени десетина филмови и серии на скапи светски продукции. Некои од славните наслови чии сцени се снимени во Петра се „Индијана Џонс“, “Враќањето на мумиите“ и „Трансформери“.

Паралелно со природниот амбиент и специфичните глетки на Петра, јорданските власти го разбрале потенцијалот промоцијата на ова туристичко богатство и им даваат поддршка на заинтересираните продуцентски куќи.

Едно од задолжителните места за туристите, кои тргнуваат во посета на Петра е тамошната станица на Хиџаската железница, која Османлиите ја граделе од 1900 до 1908 година, а која ги поврзувала Дамаск и Медина.

На експонатот возот на станицата и натаму се вее турското знаме, што симобилизира почитување кон богатото наследство на Османлиите.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.