Следи нѐ
To Top

Почина Малколм Јанг, гитаристот и основач на AC/DC

Легендарниот гитарист и основач на групата AC/DC Малколм Јанг денеска почина во 64. година од животот, по тригодишна борба со деменција поради што беше приморан да се повлече од бендот.

– Со најдлабока жал AC/DC соопштува дека Малколм Јанг почина, соопшти групата.

реклама

Јанг со својот брат Ангус го основа AC/DC во ноември 1973 година. Потоа, од 1976 година, почнува периодот на интензивна работа на албуми и меѓународни турнеи.

Неговата борба со деменцијата почна во 2014 година, по што бендот  објави дека Јанг засекогаш се повлекува од групата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.