Следи нѐ
To Top

„Да си прашам за неа“ – нова песна на „Лајв бенд“ (ВИДЕО)

„Да си прашам за неа” е насловот на втората песна на момците од Лајв бенд, која доаѓа веднаш по првенчето „Туѓина била маќеа”, композиција посветена на нашите иселеници, која помина навистина одлично кај слушателската публика.

Новата песна, која деновиве, заедно со спот, ја промовираат момците од бендот, е сосема поразлична од претходната и е во карактеристичен 7/8 (седум – осмински) ритам.

реклама

– „Автор на музиката е нашиот колега и член во групата, Роберт Ангеловски, кој успешно се впушта и во композиторските води, тематиката на текстот е љубовна, а го пишуваше Александар Стевановски. Спотот е снимен на повеќе локации низ градскиот парк во Скопје“, информираат членовите на бендот.

Инструментариумот е збогатен и нуди можност за изведба со целосен народен оркестар, а, секако, тука е и кавалот, инструмент кој е неизбежен кога се работи за Лајв бенд.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.