Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Необична појава на небото над Лапонија (ВИДЕО)

Видео

Необична појава на небото над Лапонија (ВИДЕО)

Атле Сталесен, новинар од финскиот весник „Баренц Обзервер“, деновиве бил сведок на необична појава во Лапонија, позната уште како „татковината на Дедо Мраз“.

Сталесен со своите пријатели бил на излет на северот на Финска, кога пред нив небото „експлодирало“.

– Возевме по темница и видливоста пред нас беше слаба. Едвај доволно за возење. Небото одеднаш почна да менува бои – црвена, сина, и одеднаш – бум! Огромна огнена топка го осветли целиот предел. Никогаш не сум видел ништо слично, раскажа Сталесен.

Откако дошол дома, тој дознал дека над норвешкиот град Тромзо и во областа Финмарк се забележани повеќе такви светлечки топки. Очевидци од други реони пак, чуле силни експлозии, проследени со јака светлина.

Физичарот од Универзитетот во Осло и експерт за Вселената, смета дека најверојатно се работи за метеор.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Видео

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.