Следи нѐ
To Top

Силни земјотреси во светот наредната година, предупредуваат научници

Во 2018 година можни се силни земјотреси во целиот свет поради периодично успорување на ротацијата на Земјата, предупредуваат научници.

На годишна средба на Американското геолошко здружение, Ребека Бендик од Универзитетот Монатана и Роџер Билам од Универзитетот Колорадо ги објаснија тие ставови дека мали промени во брзината на вртењето на Земјата може да предизвикаат големи промени на планетата и да направат поместувања на тектонски плочи.

реклама

Тие прогнозираат дека најголемо влијание ќе се почувствува во екваторијалните региони каде живеат околу милијарда луѓе.

– Корелацијата меѓу вртењето на Земјата и сеизмичката активност е силна и укажува дека ќе има зголемен број земјотреси во следната година, изјави Билам за Гардијан.

Научниците ги анализирале сите земјотреси со интензитет над 7 по Рихтер во изминатиот век. Тие укажуваат дека постојат пет периоди на зголемена сеизмичка активност што се случува во интервал од околу 32 години.

– Во тие циклуси има меѓу 25 и 30 силни земјотреси во годината. Во останатото време се околу 15 големи земјотреси во годината, истакнува Билам.

Тој вели дека научниците очекуваат последните земјотреси во Мексико, Иран и во Ирак да бидат следени од многу посилни земјотреси следната година.

– Досега се регистрирани шест силни земјотреси. Во почетокот на 2018 година може да имаме 20, наведува Билам.

НАСА укажува дека квазипериодичните климатски појави како Ел Њињо имаат капацитет да ја променат ротацијата на Земјата додека големи земјотреси може да го променат аголот на оската.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.