Следи нѐ
To Top

„ФОРБС“: Бијонсе е најплатената жена во светот на музиката

Списанието „Форбс“ ја прогласи Бијонсе за најплатена жена во светот на музиката.

Според публикацијата, пејачката заработила 105 милиони долари за една година, од јуни 2016 до јуни оваа година. Заработката на Бијонсе се зголеми благодарение на нејзината минатогодишна светска турнеја, која, според Форбс, и донела заработувачка од 250 милиони долари.

реклама

Втора на листата е Адел, која, исто така, имаше успешна година со турнеја која значително придонесе за нејзините приходи од 69 милиони долари.

Меѓу првите пет се и Тејлор Свифт, Селин Дион и Џенифер Лопез.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.