Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

На Шарапова и се закануваат седум години затвор

Сцена

На Шарапова и се закануваат седум години затвор

Руската тенисерка Марија Шарапова се соочува со обвиненија за проневара со недвижнини во градот Гургаон во Индија, објави „Тајмс оф Индија”.

Нејзиното име се поврзува со проектот за изградба на луксузни станови, којшто никогаш и не започнал, а требало да биде завршен до 2016 година. Една од клиентките се пожалила дека „ја намамиле“ луѓе кои и кажале дека водат проект под наслов „Балет на Шарапова”.

Шарапова, наводно, во 2013 година и самата учествувала во промоцијата на тој проект.

Ако обвинувањата се покажат основани, на руската тенисерка и се закануваат седум години затвор.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.