Следи нѐ
To Top

Медиумски атак

Моќта на медиумите во новиот милениум нѐ поттикнува да размислуваме за нивната оправданост , но и штетност.

Денеска, ако нешто не се појави на медиумите во било кој облик , исто како да не постои во реалноста, затоа многу внимателно треба да ги следиме медиумските презентации , нивната перцепција на реалноста, но и нивното влијание и можна негативна порака врз нашата свест.

реклама

Бомбардирани од секојдневни информации преку мас медиумите, голем избор на тв канали, интернет портали, радио и печатените медиуми, современиот човек едноставно не може да се снајде во таквиот обемен и хетероген информациски систем.

Вестите сѐ почесто почнуваат со негативни и трагични информации , скандалите и т.н. „хејтерство“ по интернет порталите стана неминовност и алатка за примитивно прифаќање на невистини преполни со предрасуди за светот околу нас.

Реалните шоу емисии се најголемиот визуелен атак на човековиот дигнитет , како во гладијаторска арена го гледаме расчеречувањето на човечкиот морал и достоинство во име на парите и квази „популарноста“ која бргу ја снемува со самото гасење на рефлекторите и камерите. Пораките дека интимноста треба да се покаже или продаде се негативните последици врз нашата младина, а тука некаде се и фб профилите каде може да се претера со покажување на фотографии за семеен албум. Затоа треба селективно гледање и следење на медиумските информации, а најголемиот селектор кој ќе ни го покаже вистинскиот пат за медиумска култура и зреењето, се книгите, во нив е сета вистина и филозофијата на човековото постоење.

Медиумите се нужните алатки за следење на светските случувања и секако дека ги имаат и своите позитивни и добри страни. За нивната моќ и огромното влијание врз слухот на човештвото сите сме свесни, но ист така свесно треба да ги впиваме оние информации кои нема да не вознемируваат туку оплеменуваат.

Поентата на филмската или театарска култура е да не просветли , духовно да не издигне над џганот кој се прпела со скандали и сензации во име на ниските страсти.

И нека се прпела, библиотеките, кинотеките и театрите се култните места за доживување катарза…

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Понирање во женската душа

    На патот кон успехот мора да имате повеќе пријатели отколку непријатели и покрај тоа што туѓиот успех тешко се простува. Вистинскиот...

    Татјана Алексиќноември 22, 2017
  • Свет празник

    Човек не мора да биде прогласен за светец за да неговото дело добие гласност, гласот на светите дела е моќен колку...

    Татјана Алексиќноември 22, 2017
  • И бол и бес…

    Лутина и бес – основни емоции со кои растеме, зрееме и старееме, а разликата меѓу нив е што бесот поминува по...

    Татјана Алексиќноември 22, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.