//
Следи нѐ
To Top

Трамп помилува осудени на смрт, но и две мисирки во пресрет на Денот на благодарноста

Претседателот на САД Доналд Трамп ги искористи своите овластувања да помилува осудени на смрт, и од рерната спаси две мисирки во пресрет на Денот на благодарноста.

Трамп ја продолжи претседателската традиција, основана од Џорџ Буш во 1989 година, кога беше поштеден животот на 20 килограми тешка безимена мисирка.

реклама

На вечерашната церемонија во цветната градина на Белата куќа Трамп ја помилува мисирката Дримстик и 15-килограмската Вишбоун, кои ќе живеат до природниот крај на својот живот на една фарма во Вирџинија. Првата дама Мелани Трамп и синот Барон присуствуваа на забавата.

Во Белата куќа ја испочитуваа и традицијата да направат анкета на Твитер за тоа која мисирка треба да добие претседателската амнестија, и со повеќе од 40.000 гласа победник стана Дримстик со 60 наспроти 40 проценти, но како и обично и двете птици го искористија претседателскиот акт на милосрдие.

Трамп продолжи и уште една традиција за церемонијата – шегите.

– Како што многумина од вас знаат, јас сум многу активен во укинувањето на некои од извршните одлуки на моите претходници, но  советник во Белата куќа ме информираше дека амнестијата на Тејтер и Тот под никакви околности не може да се откаже. Тејтер и Тот, можете да бидете спокојни, шеговито порача Трамп.

Тејтер и Тот беа последните мисирки помилувани од претседателот Барак Обама минатата година.

Трамп, исто така, истакна дека во првите неколку месеци од неговиот мандат во Белата куќа пречекал многу гости, вклучувајќи и некои „многу чудни птици”, но не и толку уникатни како Дримстик и Вишбоун.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијаноември 22, 2017
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијаноември 22, 2017
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијаноември 22, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: