Следи нѐ
To Top

Од недела студен бран, дожд, снег и засилен ветер

Од недела попладне подрачјето на Македонија ќе потпадне под влијание на студен и влажен бран од кој најпрвин во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе се прошоират насекаде, на планините ќе бидат од снег и ќе започне да дува засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

реклама

Во понеделник преку ден ќе биде студено и ветровито со повремени врнежи од дожд,а врнежи од снег се очекуваат и на некои повисоки места, особено во западните деови. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Дnевната температура ќе биде релативно ниска, во интервал од три до девет степени.

Според УХРМ, и во вторник ќе биде студено и ветровито со услови за слаб снег, главно во источните делови.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.