Поврзи се со нас

Популарно.мк

Слаб снег на Попова Шапка – од утре нагло заладување низ цела Македонија

Вести

Слаб снег на Попова Шапка – од утре нагло заладување низ цела Македонија

Слаб снег провејува на Попова Шапка, но не се задржува на патот, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по местимично влажни  коловози.

Од АМСМ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе се прошират насекаде, на планините ќе бидат од снег и ќе започне да дува засилен северен ветер.

Преку денот ќе биде студено и ветровито, а врнежи од снег се очекуваат и на некои повисоки места, особено во западните делови.

До понеделник наутро минималната температура ќе е во постепен пораст, а потоа умерено ќе опадне.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.