Следи нѐ
To Top

Вереничкиот прстен на Меган Маркл е со непроценлива вредност (ФОТО)

И тоа се случи – веренички прстен конечно се најде на раката на актерката Меган Маркл.

Откако Кралската палата на Велика Британија денеска ја објави среќната вест дека принцот Хари и неговата девојка се вериле на почетокот од месецот, магазините ширум светот молскавично ја споделија фотографијата на која се гледа вереничкиот прстен на идната војводка.

реклама

Имено, вереничкиот прстен на раката на Меган Маркл е креација на самиот принц Хари, а еден од дијамантите бил редок кристал од Боцвана, кое е едно од омилените места на принцот, додека другите два се од приватната колекција на принцезата Дајана и истите имаат непроценлива вредност.

Судејќи по фотографиите новата кралска двојка е и повеќе од среќна за својата веридба, но и за нивната свадба која се очекува да биде оваа пролет.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.